Makedonija

Сексуалните малцинства во државава бавно ги разбиваат предрасудите за нив пред себеси, нивните семејства и пред јавноста
Македонските гејови, лезбијки, бисексуалци, травестити на овие простори се сў уште „вештерки" на 21 век и затоа самите за себе велат дека не можат да се „реализираат". Се плашат од јавноста, семејството, пријателите, медиумите, па дури и од самите себе.


Триесет и едногодишната М.К. стави крај на нејзиниот петгодишен брак откако се увери дека брачниот партнер повеќе не ја сака. Шокот го доживеа по бесконечните приказни од нејзините соседи, пријатели и од најблиските кои со месеци ја убедуваа дека нејзиниот сопруг има сериозни проблеми и дека не е оној истиот, од порано. На почетокот се плашеа да и кажат дека треба да биде подготвена и да не се надева дека ќе има деца, и се обидуваа некако да ја оттргнат од него. М.К. не веруваше никому. Реши, едноставно, сама да ја открие вистината. А тоа и се случи една вечер кога го прекина упорното чекање да се врати од наводните ноќни патувања. Го пронајде во еден стан, во љубовна прегратка на нивниот семеен пријател. Фактот дека човекот со кого го споделуваше животот е хомосексуалец, ја шокираше! Ова е само еден од примерите на изневерени жени кои сосема случајно, преку телефонски повик или љубовно ливче, откриваат за тајниот сексуален живот на нивните животни сопатници. Некои од нив, премолчано минуваат преку ова само за да го зачуваат мирот во семејството, додека други се револтираат не можејќи да прифатат дека нивниот ривал е всушност - маж!

Македонските гејови, лезбијки, бисексуалци, травестити на овие простори се сў уште "вештерки" на 21 век и затоа самите за себе велат дека не можат да се "реализираат" (Цоминг оут). Се плашат од јавноста, семејството, родителите, пријателите, познајниците, партнерите, медиумите, па дури и од самите себе. Чувството да се сака "истиот", а не оној од спротивниот пол, е болест, грев, нешто како ерес, во секој случај ,сў освен љубов, вистинска, чиста, каква што им се припишува на "стрејтовите" или хетеросексуалците.

Македонија сў уште се смета за хомофобична средина која, генерално, ги отфрла сексуалните малцинства како отпадници од општеството. Министерството за внатрешни работи не води евиденција за гејови, лезбијките, бисексуалците, травеститите и за преостанатите секс-групи, а хомосексуалноста од 1996 година не се смета за кривично дело. Со исклучоци, хомо и бисексуалците ги отфрла и религијата, која на нив гледа како на големи грешници, но им дава можности за покајување пред себе и пред Господ. Македонија е далеку од Хрватска, која го усвои Закон за исти полови, со што се дозволени хомосексуални бракови, но на двојките им се забранува посвојување деца. Досега кај нас не е склучен ниту еден хомосексуален брак, што не е дозволено и со закон, а нема ниту барања до надлежните институции. Во архивите на социјалните работници нема случај на развод поради хомосексуални прељуби. Но, затоа може да се слушнат многу приказни за хомосексуалци кои се ожениле или омажиле само за да се прикријат пред јавноста. Сепак, и тогаш не успеале да ги сокријат своите потајни желби да се разбудат покрај нивните љубовници од ист пол.

Зоран има 32 години. Живее со своите родители и не е женет. Неговите знаат дека тој секој ден оди на работа, доаѓа дома, дека има пријатели и пријателки со кои оди во кино, на кафе или навечер во некое скопско кафуле. Важи како многу интелигентен и тоа ќе ви го кажат сите оние што го знаат. Наизглед тој е ист како сите други негови врсници, по бојата на кожата, косата, очите, однесувањето...Но, веројатно многумина, а најмногу неговите родители би се изненадиле кога би дознале дека Зоран е-хомосексуалец.

"Сакаш да ме соблечеш гол? Мојот кревет не е за на улица. Како би се чувствувала кога би те прашал за твоите сексуални искуства со момчиња", ми одговори Зоран, кога го прашав за неговата сексуална определба. Тој нема феминизирани движења, како што некои би си ги замислиле хомосексуалците. "Еј, педер", му се обраќа тој, во скопски жаргон на неговиот другар, смеејќи се. "Не мора да значи дека ако некој е феминизиран, дека е геј", продолжува Зоран, повторно со смеење. "Хомосексуалноста не е одлука, зашто ако е одлука, тогаш е избор, а не е избор. Или си или не си", раскажува тој со блага насмевка. "Сметам дека кај нас, во овој момент е смешно да се зборува за усвојување деца кај хомосексуални двојки, како што е случајот со Запад, бидејќи треба да се работи со хомосексуалците на прифаќањето на самите себе, да им се овозможи да просперираат во здрава нормална личност", вели тој. Член е на Здружението за еднаквост на гејови и лезбијки "Егал", за кое тврди дека е судски регистрирано од 13 февруари. Имаат десетина члена, меѓу кои и хетеросексуалци, како и своја инфолинија за ХИВ и сида. Организацијата се занимава со сексуалното здравје кај машките и женските хомосексуалци, за што успеале да направат и истражување. Според истражувањето извршено 2003 година, многу малку хомосексуалци и бисексуалци одат на ХИВ-проверки, бидејќи се плашат да не бидат етикетирани. Многумина од нив веруваат дека сигурниот партнер, а не кондомот, би ги спасил од ХИВ-инфекција. Машките хомосексуалци носат кондоми, но не и лубриканти (хидратантни кремови кои се употребуваат за сексуални односи), а кондомите најчесто ги користат за анален, но не и за орален секс. Лично, Зоран не верува во официјалните податоци дека од 1989 година досега се регистрирани само 65 случаи ХИВ-инфицирани, и вели, бројот е многу поголем.

Хомосексуалците се претпазливи што зборуваат, посебно ако има "публика".

"Би можел сам да се грижам за својата егзистенција и да живеам со своето момче, но зошто да ги повредам моите родители. Сў уште не сум ја почувствувал потребата да застанам пред нив и да им кажам:е слушајте, јас сум геј. Тоа е дел од интимата, што е многу небитен за градење на една личност и на релациите со другите луѓе. Сметам дека во најголем број случаи односите меѓу семејството и еден хомосексуалец споредено со релациите меѓу семејството и хетеросексуалецот немаат апсолутно никаква разлика", вели еден од хомосексуалците кој се претставува како Драган. ?Нема правило..Хомосексуалноста и бисексуалноста е емотивна состојба, може да биде и вродена и стекната. Јас, на пример, во војска не бев хомосексуалец, но ги претчувствував своите потреби да се реализирам", вели момчето. Тој и неговите другари хомосексуалци не го признаваат 2 февруари за свој празник.

Македонските хомосексуалци и бисексуалци немаат посебна шема на излегување, а не постојат ниту неофицијални процени за нивниот број. Не ги избираат скопските кафулиња, бидејќи нема официјални геј-клубови, освен места кои, неофицијално, се етикетирани како такви. Хомосексуалноста и бисексуалноста, велат тие, во последно време се појавуваат и кај помладите, но тоа е повеќе љубопитство или мода, а не чувство. Се спојуваат преку Интернет на познатиот мирц-канал "гаѕмацедониа" или на посебни места кои си ги нарекуваат "крузинг ерии". Ретко се бакнуваат јавно и тоа е најчесто во затворени кругови кога се чувствуваат слободни. Понекогаш ги тепаат поради јавното изразување љубов, но и тогаш не одат во полиција бидејќи се плашат од нови репресии. Во кревет се распознаваат како актив, пасив или версатиле (ги ужива улогите и на машкото и на женското), а жените имаат улоги на "бутцх" (машко) и "липстицк" (женско).

Во туристичкиот водич за Македонија на Британката Тами Еванс се наведува дека првиот геј-бар во земјава "Барон" е отворен во 2003 година во близина на ТЦ "Буњаковец". Според неа, хомосексуалните двојки се прикриени, а многу е невообичаено тие да се видат како се држат за раце или се бакнуваат на јавно место.

"Валијант" е единствениот секси шоп во Македонија, лоциран во Скопје, а од неодамна е отворена уште една во Кичево. Познат е по секси реквизитите и стимулантите што се продаваат таму: лубриканти, шпански мушички, вештачки пениси, кожени реквизити, камшици, лисици, а има и касети со порно и еротски материјали, книги, списанија... "Валијант" има и Агенција која посредува во лични контакти. "Не го признаваме поимот перверзија. Најголем дел од луѓето што доаѓаат се хетеросексуалци, хомосексуалци, а има и бисексуалци. Има и јавни личности, естрадни ѕвезди. Понекогаш и лично ни се јавуваат политичари, но тие никогаш не доаѓаат, туку испраќаат свои луѓе за да ја земат нарачаната стока", вели Горан Милиќ, сопственик на "Валијант". Милиќ бил сопственик на клубот "Валијант", кој од пред две години не работи, а на негово место сега е отворено кафуле ?Њхѕ нот". "Валијант" беше со филозофија за обединување на различните сексуални ориентации. Го нарекуваа геј-бар, но тврдам дека таму излегуваа повеќе хетеросексуалци отколку хомосексуалци", вели Милиќ.

Хомосексуалците и другите сексуални малцинства немаат досиеја во Министерството за внатрешни работи. Тие се случајни жртви во акциите на полицијата. МВР вели дека можните хомосексуалци се затечуваат при рации за спречување на проституцијата или при рации за други кривични дела, но и тогаш сў се завршува со обичен разговор во кој тие не ја признаваат хомосексуалноста. Според полицијата, најчести собиралишта на хомосексуалците и бисексуалците се кејот на Вардар, "адвокатската улица", просторот кај Младинскиот културен центар и комплексот факултети.

Центарот за граѓански и човекови права е прва невладина организација која го постави прашањето за сексуалните различности во Македонија. Организацијата има 90 члена, од кои десетина се хомосексуалци, или бисексуалци. "Сў уште сме хомофобична средина во која ЛГБ-лицата, односно лезбијките, гејовите и бисексуалците се жигосуваат, општествено се изолирани, се соочуваат со ризикот да загубат работни места, да бидат претепани...Тоа е волшебен круг", објаснува Анита Бошкова, портпарол во Центарот. Бошкова изјави дека македонското законодавство експлицитно не ги признава ниту ги штити сексуалните малцинства од директна и индиректна дискриминација, како ниту од вербално и физичко насилство. Центарот има и посебно психосоцијално советувалиште за сите оние што ќе побараат помош.

Претставниците на оваа организација се разочарани поради тоа што нивната кампања "Соочи се со различностите" била исполитизирана, а тие биле обвинети за промовирање на хомосексуалната агенда. Досега Центарот организирал Конференција за сексуалните различности, повеќе работилници за предрасуди за сексуалните малцинства, а во септември планираат да организираат филмски геј-фестивал. Во моментов, Центарот чека одговор од Уставниот суд од кој побара оценување на уставноста на член 121 од Законот за служба во АРМ, со кој хомосексуалците може да сносат дисциплинска одговорност или да бидат избркани од АРМ доколку се докаже нивната сексуална ориентација.

"Хомосексуалноста во Македонија се смета за грев, болест, општествена, социолошка или идеолошка девијација, предавство на сопствената култура. Хомосексуалците не се прифатени ниту заштитени, живеат во страв од понижување, јавни напади. Покрај, неофицијално, двете чајџилници кои важат за геј френдли-клубови во Скопје, Интернетот е најбезбедно место за комуницирање меѓу нив". Ова е оцената на Националната холандска асоцијација за интеграција на хомосексуалноста за ситуацијата со хомосексуалноста во Македонија. Истражувањето е направено минатата година во рамките на поголемо истражување за хомосексуалноста во Југоисточна Европа.

Film

Projekcija filma "Fine mrtve djevojke"
fine mrtve djevojke
05 Lipanj 2014 1790
Povodom pride tjedna, sljedeći utorak (10.06.) u LGBT Centru Zagreb prikazat će se film Fine mrtve djevojke, a u četvrtak (12.06.) LGBT centar ugostiti će glumice iz istoimene predstave dramskog k...
Robert de Niro: Moj život sa gej ocem
Robert de Niro
29 Svibanj 2014 1409
Čuveni holivudski glumac Robert de Niro otvorio je dušu i za magazin “Aut” govorio o svom pokojnom ocu o kome je snimio i dokumentarni film.
Prikazivanje dokumentarnog filma o LGBT obiteljima u klubu MaMa - nedjelja 22.12.
Prikazivanje dokumentarnog filma o LGBT obiteljima u klubu MaMa - nedjelja 22.12.
19 Prosinac 2013 1775
U nedjelju 22.12.2013. u 18h će se u klubu MaMa (Preradovićeva 18) prikazivati dokumentarni film Right2Love koji prikazuje život LGBT obitelji u šest država Europske unije. U filmu LGBT roditelji...

LEZdarije

10 stvari koje nikada ne biste trebali reći lezbijki
Vrišt
19 Svibanj 2010 6067
10. Sve lezbijke samo žele biti muškarci Ne žele! Mi smo žene koje žele biti sa ženama. Ko je rekao išta o muškarcima? Muškarci imaju penis, pa što? Nije da se ne mogu prošetati par stanica...
45 načina da se rešite sastanka na slepo.
maca
05 Kolovoz 2009 3981
1. Tokom večere, štitite svoj tanjir nožem i viljuškom tako da odajete utisak da ćete ubosti svakog ko posegne za vašim tanjirom, pa makar to bio i konobar.2. Pokupite sve slanike sa okolnih sto...
Ako ste buč, u vezi sa famicom i želite da potraje:
Ako ste buč, u vezi sa famicom i želite da potraje:
15 Srpanj 2009 4098
1. Nazivajte je.2. Ne lažite.3. Ako će vam izlazak biti zabavan, pozovite i nju.4. Ukoliko će vaš izlazak uključiti i striptizete, ne zaboravite pravilo sa bazena "Bez dodirivanja".5. Tačan odgo...

Oni o nama

Budući politolozi/ginje su nedovoljno upućeni
politolozi
07 Svibanj 2015 1088
u problematiku ljudskih prava Tražeći informaciju više, kao budući saradnik portala Lgbt.ba, o položaju LGBT osoba u Bosni i Hercegovini, najčešći termini koji se pojavljuju u izvještajima, m...
Željka Markić nakon dobivene bitke izgubila rat
Markić
06 Kolovoz 2014 1584
Ni danas nije potpuno jasno zašto je Željka Markić odlučila postati dio javnoga života u Hrvatskoj te najznačajnija vjernica za Katoličku crkvu od devedesetih godina naovamo upravo zahvaljujuć...
Tolerancijom prema gay pravima odlikuju se razvijene sredine
Petrić
23 Siječanj 2014 1679
One sredine koje su na nedavnom referendumu o braku glasale "protiv" (Istra, Rijeka,Varaždin...) su razvijenije, naspram sredina koje su glasale "za". Sve to ide u prilog teoriji poveznice društveno...

Za žene 50+

Nekad i sad
lesbian party
04 Lipanj 2010 5453
Sad: U noćnom klubu gužva. U obilju žena raznih dobnih skupina muškarci se mjere promilima, a prisutni su isključivo u svojstvu osoblja. Na ulazu plakat s naznakom Ladies Only. A ženeeeeee. Ima...
Generacija u procjepu
Starije lezbijke
20 Svibanj 2010 2626
Zašto baš 50+?Površno gledano moguće zato jer jedna 50+ lezba ima veliki utjecaj na ovoj stranici pa joj se eto prohtjelo pisati i objavljivati tekstove o svojoj generaciji.
Možete li izbeći upadanje u "anti-aging" zamku?
aging
13 Srpanj 2009 3510
Nemam nameru pokušavati da se 65 izgledam kao da mi je 25.
FacebookTwitterDeliciousStumbleuponGoogle BookmarksLinkedin

Lezvezarije Gilde M.

 

Izložba Tine Antolić

Pogled s BaLConn-a