Makedonija

Пред две седмици, десетина активисти од новоформираната организација „ЛГБТ Јунајтед“ се фотографираа пред фонтаната со „Воинот на коњ“. Се фотографираа со разнобојното знаме (симбол на ЛГБТ заедницата) и со натписи „геј“, „лезбејка“, „бисексуалка“, „трансродно лице“.

LGBT United

 

Фотографиите од „малата геј парада“ се најдоа во повеќе медиуми, па и на CNN iReport. Една од фотографиите беше објавена и на фејсбук ѕидот на Јанко Илковски, кој во 2009 повика на контра-протест против „збирштина од геј и атеисти“ кои „ќе се обидат да шират гадости под закрила за грижа на архитектурата на градот, а против изградба на црква.“

Фотографијата најавена како „Мала геј парада у Скопје...“ предизвика повеќе коментатори кои на ѕидот кај Јанко почнаа да шират говор на омраза кон активистите на „ЛГБТ Јунајтед“. Покрај бројните навредливи хомофобични коментари имаше и такви кои отворено повикуваа или поттикнуваа на насилство: „Како не се најде некој да ги бутне во фонтаната“, „сите у центрифугааа“, „Колеж за ова све!“, „во казан и сапун за нозе“, „овоа треба да се убие!!!!“... Хомофобични и насилнички коментари можеа да се прочитаат и на фејсбук страницата на ЛГБТ Јунајтед каде беше објавена фотографија со поднаслов „Ние сме тука!!! Ние постоиме“: „more mrsh mamu vi ibam“, „UBI UBI UBI PEDERA!! :@“...

 

LGBT ponos

Ако само неколку објавени фотографии на мала група ЛГБТ активисти предизвикаа толку жестока омраза и отворени повици за нивна физичка елиминација, тогаш, каква ли ќе биде јавната реакција ако македонските ЛГБТ активисти најават организирање на геј-прајд во центарот на Скопје, токму пред „Воинот на коњ“?

Полека, без возбуда. Колку што ми е познато, во блиска иднина нема најави од страна на ЛГБТ-активистите за организирање на геј-прајд во центарот на Скопје. Но, зошто па да не се организира, кога успешни „геј паради“ годинава беа одржани во повеќе балкански градови? Прајдови беа организирани во Загреб, Сплит (поддржана од претседателот), Софија, Атина, Солун, а „геј рајд“ беше организиран во Тирана. Најмасовната геј-прајд беше организирана во Истанбул каде што се одржа и марш на транс лицата.

Turkish pride

Постојат повеќе причини зошто досега во Македонија не е организиран ЛГБТ-прајд:

  1. Изгледа единствената слобода на изразување која во Македонија дословно се почитува е слободата на изразување на говорот на омраза, кој особено ги погаѓа припадниците на маргинализираните заедници. Несанкционирањето на хомофобичниот говор на омраза ги обесхрабрува ЛГБТ-активистите кои оправдано стравуваат дека ќе бидат изложени на несанкциониран говор на омраза во медиумите и на социјалните мрежи. Токму затоа, јавната осуда на сите видови говор на омраза, вклучителни и кон ЛГБТ лицата, е предуслов за да може да се создаде клима за остварување на нивните права на слобода на изразување и на мирен протест. Исто така, институциите мора да почнат да ги казнуваат јавните повици на насилство и елиминација на луѓе заради нивната сексуална ориентација, родов идентитет, или која и да е друга дискриминаторска основа.
  2. Во Македонија досега се толерираше насилството предизвикано од хомофобичниот говор на омраза, не само на спортските настани, туку и на главниот скопски плоштад. Насилството предизвикано од групата „спонтано-организирани“ во март 2009 ги обесхрабри малкумината ЛГБТ активисти и ја намали довербата во полицијата, обвинителството и судството како заштитници на правото на мирен протест. Ако се организира геј-прајд на скопскиот плоштад дали полицајците ќе ги заштитуваат граѓаните кои ќе се приклучат на мирниот протест или повторно мирно ќе го набљудуваат нивното насилно „дислоцирање“ од плоштадот, од страна на „спонтано-организираните“ тепачи?
  3. Македонија е на дното на европската листа за почитување на ЛГБТ-правата затоа што владејачкото мнозинство константно ги злоупотребува човековите права на ЛГБТ лицата намерно мобилизирајќи ги негативни стереотипи, предрасудите и дискриминаторските ставови на граѓаните. Наместо да создава услови за уживање и заштита на човековите права на сите граѓани, „конзервативците“ ја избришаа сексуалната ориентација како основ за дискриминација и ја користат секоја можна прилика за лансирање на хомофобична кампања против истополовите бракови. Колку што ми е познато, никој(а) во Македонија досега нема побарано закон за истополови бракови (туку закон за регистрирање на партнерства), но медиумско-пропагандната машинерија упорно ја експлоатира оваа тема, со намера да ги „поклопи“ другите ургентни барања (за ефикасна заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, како и барањето за заштита од семејно насилство на лицата кои имаат блиски лични односи, независно од нивниот пол).
  4. Сепак, веројатно најголема причина за неодржувањето на геј-прајд во Македонија е расцепканоста на ЛГБТ-заедницата и недостатокот од критична маса на активисти кои јавно ги застапуваат човековите права на ЛГБТ лицата. Појавата на нови ЛГБТ здруженија и активисти буди надеж дека наскоро би можело да се создаде критична маса која ќе има капацитет да организира геј-прајд.
  5. Особено загрижувачко е отсуството на солидарност кон правата на ЛГБТ-лицата од страна на невладиниот сектор, медиумите, јавните личности и интелектуалците. Голем дел здруженија на граѓани наведнаа глава и се согласија со бришењето на сексуалната ориентација од Законот за заштита од дискриминација. Со тоа станаа соучесници во хомофобична кампања која се обидуваше целиот Закон за заштита од дискриминација да го претстави како Закон за заштита на хомосексуалците. Новинарите, јавните личности и интелектуалците речиси и да не реагираат во јавноста на отворените хомофобични напади и кампањите за омаловажување на правата на ЛГБТ лицата.

Дури и интелектуалци и колумнисти кои имаат стаж како активисти за човекови права не покажуваат „сенс“ за ЛГБТ правата, особено за правото на слобода на изразување и мирен протест (кое се реализира преку „геј прајдови“ или „ЛГБТ паради“). На пример, еден колумнист, поранешен член на Хелсиншкиот комитет, ја сведе хомосексуалноста на „порочност и изопаченост“ и отворено си кажа дека „хомосексуалноста и другите отстапувања од нормалното сексуално однесување (педофилија, некрофилија, травеститство...), треба да се изедначат со други болести на модерната цивилизација“. Според него, човековите права треба „да се сфатат како право на сериозно третирање од општеството за надминување на таквите девијантни појави“?!?

Ilga map

Иако ваквите искрени хомофобични изливи се реткост кај македонските активисти за човекови права, воопшто не се ретки „аргументите“ со кои некои се обидуваат да ги девалвираат или да ги прикажат правата на ЛГБТ лицата како неургентни. На пример, една колумнистка, исто така поранешна членка на Хелсиншкиот комитет, неодамна го повтори својот познат став: „Нека кажат дека сум конзервативна или дури дека сум (скриен) хомофоб, ама за да дојдеме до слободата и љубовта, мора да се преживее.“ Претходно, истата колумнистка, аргументираше дека правата на некои припадници на маргинализирани групи се поургентни од правата на други припадници на маргинализирани групи: „Во ситуација кога „мртви ладни“ минуваме покрај луѓе што се маргинализирани, само затоа што се припадници на некоја група (Роми или сиромашни, на пример, или двете), не гледам зошто геј-популацијата е во жижата на интересот.“ Како да и помогнеме на оваа наша активистка за човекови права, која не почна да се занимава со правата на Ромите и сиромашните, да прогледа и да согледа зошто „геј-популацијата е во жижата на интересот“ токму во моментот кога провладините пратеници и медиуми намерно ја избришаа сексуалната ориентација и поведоа дискриминаторска хомофобична кампања? Како да и помогнеме на универзитетската професорка да сфати дека и ЛГБТ лицата имаат право не само да преживеат, туку и да ја остварат својата слобода на мирен протест – без да бидат изложени на насилство, закани по живот, дислоцирања...

Alexander and his Beloved„Имаме ние многу посериозни работи за кои треба да се зафатиме и да се соочиме одошто да парадираме гордо...“ – поентираше колумнистката, без да се зафати за ниту една од „многуте посериозни работи“. Но, запрашајте ги ЛГБТ лицата – колку нив ги боли неможноста да го остварат човековото право кое ние другите секојдневно го остваруваме. Можеме слободно и мирно да протестираме, гордо афирмирајќи ги своите идентитети како Македонци, Албанци, Роми, невработени, жени, стечајци, тутунари, млекари, „жртви на транзицијата“, комити, балисти, православни и исламски верници... Зошто и ЛГБТ лицата да не го остварат своето право на мирен протест, гордо афирмирајќи ги своите идентитети како геј, лезбејка, бисексуалец/ка, транс, квир...? И зошто да не го остварат тоа право токму пред споменикот на Александар Македонски – симболот на сексуалната слобода и разновидност?

Film

Projekcija filma "Fine mrtve djevojke"
fine mrtve djevojke
05 Lipanj 2014 1687
Povodom pride tjedna, sljedeći utorak (10.06.) u LGBT Centru Zagreb prikazat će se film Fine mrtve djevojke, a u četvrtak (12.06.) LGBT centar ugostiti će glumice iz istoimene predstave dramskog k...
Robert de Niro: Moj život sa gej ocem
Robert de Niro
29 Svibanj 2014 1331
Čuveni holivudski glumac Robert de Niro otvorio je dušu i za magazin “Aut” govorio o svom pokojnom ocu o kome je snimio i dokumentarni film.
Prikazivanje dokumentarnog filma o LGBT obiteljima u klubu MaMa - nedjelja 22.12.
Prikazivanje dokumentarnog filma o LGBT obiteljima u klubu MaMa - nedjelja 22.12.
19 Prosinac 2013 1685
U nedjelju 22.12.2013. u 18h će se u klubu MaMa (Preradovićeva 18) prikazivati dokumentarni film Right2Love koji prikazuje život LGBT obitelji u šest država Europske unije. U filmu LGBT roditelji...

LEZdarije

10 stvari koje nikada ne biste trebali reći lezbijki
Vrišt
19 Svibanj 2010 5973
10. Sve lezbijke samo žele biti muškarci Ne žele! Mi smo žene koje žele biti sa ženama. Ko je rekao išta o muškarcima? Muškarci imaju penis, pa što? Nije da se ne mogu prošetati par stanica...
45 načina da se rešite sastanka na slepo.
maca
05 Kolovoz 2009 3908
1. Tokom večere, štitite svoj tanjir nožem i viljuškom tako da odajete utisak da ćete ubosti svakog ko posegne za vašim tanjirom, pa makar to bio i konobar.2. Pokupite sve slanike sa okolnih sto...
Ako ste buč, u vezi sa famicom i želite da potraje:
Ako ste buč, u vezi sa famicom i želite da potraje:
15 Srpanj 2009 4025
1. Nazivajte je.2. Ne lažite.3. Ako će vam izlazak biti zabavan, pozovite i nju.4. Ukoliko će vaš izlazak uključiti i striptizete, ne zaboravite pravilo sa bazena "Bez dodirivanja".5. Tačan odgo...

Oni o nama

Budući politolozi/ginje su nedovoljno upućeni
politolozi
07 Svibanj 2015 1020
u problematiku ljudskih prava Tražeći informaciju više, kao budući saradnik portala Lgbt.ba, o položaju LGBT osoba u Bosni i Hercegovini, najčešći termini koji se pojavljuju u izvještajima, m...
Željka Markić nakon dobivene bitke izgubila rat
Markić
06 Kolovoz 2014 1511
Ni danas nije potpuno jasno zašto je Željka Markić odlučila postati dio javnoga života u Hrvatskoj te najznačajnija vjernica za Katoličku crkvu od devedesetih godina naovamo upravo zahvaljujuć...
Tolerancijom prema gay pravima odlikuju se razvijene sredine
Petrić
23 Siječanj 2014 1606
One sredine koje su na nedavnom referendumu o braku glasale "protiv" (Istra, Rijeka,Varaždin...) su razvijenije, naspram sredina koje su glasale "za". Sve to ide u prilog teoriji poveznice društveno...

Za žene 50+

Nekad i sad
lesbian party
04 Lipanj 2010 5349
Sad: U noćnom klubu gužva. U obilju žena raznih dobnih skupina muškarci se mjere promilima, a prisutni su isključivo u svojstvu osoblja. Na ulazu plakat s naznakom Ladies Only. A ženeeeeee. Ima...
Generacija u procjepu
Starije lezbijke
20 Svibanj 2010 2554
Zašto baš 50+?Površno gledano moguće zato jer jedna 50+ lezba ima veliki utjecaj na ovoj stranici pa joj se eto prohtjelo pisati i objavljivati tekstove o svojoj generaciji.
Možete li izbeći upadanje u "anti-aging" zamku?
aging
13 Srpanj 2009 3436
Nemam nameru pokušavati da se 65 izgledam kao da mi je 25.
FacebookTwitterDeliciousStumbleuponGoogle BookmarksLinkedin

Lezvezarije Gilde M.

 

Izložba Tine Antolić

Pogled s BaLConn-a